Топ моделот Жизел Бундшен, која се породила пред само шест месеци, во неделата се вратила на модните писти. Се појавила на модната недела во Сао Паоло во Бразил. Неодамна открила дека за време на бременоста вежбала кунг фу за да остане во форма.
Вежбала од почетокот на бременоста па се до две седмици пред породувањето. Внимавала на својата исхрана и се здебелила само неколку килограми. Според списанието „Форбс“, таа е најплатената манекенка за изминатата година.