Најдобро платената манекенка на светот сними нова, многу провокативна кампања, за сопствената колекција чевли кои се најдоа на пазарот.

Жизел позира гола, облечена само во фустан од вода(креиран во фотошоп), а нејзината беспрекорна линија објаснува зошто е најдобриот модел на светот.

Жизел има многу причини да биде среќна, неодамна е прогласена за најбогата манекенка на светот со заработка од 12 милиони фунти во 2006 година. Бразилската манекенка очигледно не е само убава туку има  и смисол за бизнис ако се суди и по нејзинот последен потег со рекламната кампања.

J.M.