Американските медиуми пишуваат дека бразилскиот супермодел и американскиот спортист се пред развод, а се поради многу тешкиот и пребирлив карактер на манекенката. Жизел и Том размислуваат за договорен развод во кој ќе мораат да го поделат богатството од 460 милиони долари. Позади сликата на идилично семејство сепак се криела сосем поинаква приказна. И тоа онаа во која семејниот мир го нарушувал пребирливиот карактер на Жизел која со својот перфекционизам го излудувала сопругот, 38-годишниот поранешен рагби играч.
Парот е во брак од 2009 година а имаа две деца, синот Бенџамин и ќерката Вивиан. Токму погледите на Жизел околу одгледувањето на децата била една од причините за се почестите брачни несогласувања. Имено, манекенката барала нивната исхрана секогаш да биде здрава, а благото и се што не спаѓало во еколошки режим на исхрана не бил дозволен. Том сепак сметал дека тоа е претерано. Портпаролите на парот засега не се огласија околу оваа вест.