Мајката на малечкиот Бенџамин (2), ја краси насловната страна на француското модно списание Вог Париз. Бразилката позирала потполно гола и топлес. Голите гради ги покрила со рацете.
На црно-бела фотографија снимена на плажа, Жизел лежи на песокот потполно гола. На другите фотографии манекенката се сонча во црно-златен бикини, со парче диња во рацете и колачи.
Манекенката неодамна се најде на врвот од Форбсовата листа на најбогати модели. Нејзиното богатство се зголемува од ден на ден, благодарение на новите договори со престижни модни куќи, како Версаче, Живанши. Неодамна се зборуваше дека е повторно бремена, но Жизел не ја потврди информацијата. Бразилката не крие дека би сакала да има големо семејство како нејзините родители кои имаат шест деца.
-Би лажела кога би рекла дека не сакам уште деца-признава актерката.