Најбогатата манекенка на светот Жизел Бундшен според пишувањата на светските медиуми е повторно бремена, На интернет се појавиле гласини дека Жизел носи второ дете. Меѓутоа, гласините на интернет не се баш доказ на кој може да му се верува. Интересно е сепак, како се појавиле. Наводно, асистентите кои и помагале на манекенката да ја промени гардеробата на ревија забележале некои промени на нејзината фигура.


Втората гласина е дека Жизел Бундшен среќната вест ја поделила со својот близок пријател Ричард Тисчи, кој дизајнира за „Живенши“, како и со своето семејство. Медиумите навеле дека таа е вториот месец од бременоста и дека го чека третиот месец како би ја објавила веста.