Како што пишува списанието „Форбс“, атрактивната бразилка која од 2004 година е на листата најплатени супермодели, наскоро би можела да стане првата милијардерка меѓу манекенките. Атрактивната Жизел Бундшен и оваа година била прогласена за најплатен модел со годишна заработка од 45 милиони долари, а судејќи според предвидувањата на „Форбс“, таа наскоро би можела да стане првата милијардерка меѓу манекенките, како и првата бразилка која до својата милијарда стигнала сама.
Освен што е заштитно лице на модните куќи „Версаче“ и „Диор“, убавицата која има 30 години планира да лансира и сопствена линија за козметички средства, долна облека и сандали. Освен тоа од „Форбс“ направиле и список на нејзините недвижности. Жизел во својот имот има хотел на југот од Бразил, имот во Бали, вила во Костарика, и имот во Калифорнија, кој го купила со сопругот Том Брејди и кој вреди 11 милиони долари, и во кој планира да вложи уште 20 милиони.