Бразилската манекенка Жизел Бундшен се нашла на листата највлијателни жени во светот на денешнината, пренело популарното списание „Форбс“.

Таа веќе неколку пати била прогласена за најдобро платен модел, а сега и највлијателен, пренеле американските медиуми. „Форбс“ неодамна објавил листа од 100 највлијателни жени, а Жизел Бундшен е единствената манекенка на таа листа и се нашла на 95 место.