Бразилскиот топ модел Жизел Бундшен во средата го родила своето второ дете, девојчето Вивиен Брејди, кое на свет дошло без никакви компликации.


Породувањето поминало во најдобар ред. Среќните сопружници Жизел Бундшен и Том Брејди ја започнале нивната врска во 2006 година откако Жизел ја раскинала петгодишната врска со Леонардо ДиКаприо, а се венчале во 2009 година кога убавата манекенка го родила нивното прво дете, синот Бенџамин, кој за својот трет роденден го добил најубавиот подарок-својата сестричка.

Жизел често во интервјуата изјавувала дека би сакала да има барем три деца, а со тоа се согласува и нејзиниот сопруг Том Брејди кој од неговиот прв брак со Бриџит Мојнхан го има петгодишниот син Џон.