Луѓето кои се родени и живеат во градовите во многу поголема мера се изложени на појави на лошо расположение и вознемиреност од оние кои живеат во селските средини, покажале резултатите од истражувањето на универзитетскиот институт за ментално здравје во британскиот град Даглас. Џенс Преснер, коавтор на истражувањето, навел дека претходните истражувања покажале дека опасноста од вознемиреност е поголема за 21 процент кај оние кои живеат во градовите, а од лошо расположение за дури 39 проценти.


Научниците, меѓутоа, истакнале дека тоа е логично бидејќи постои разлика ако се работи на две минути од местото на живеење во некое село со 5000 жители, и доколку работното место, што е случај во градските средини, е оддалечено 60 километри од местото на живеење, па мора да се минува низ сообраќајниот метеж, а  луѓето се изложени на разни ситуации додека пристигнат на своето работно место.