Во ревитализираниот дел од деградираното Студенчишко блато животот во потполност се враќа. Претходно затрупан во тони шут, овој дел од блатото сега блика од живот. Водата формира малечко езерце од кое виреат нови форми на живот.
Проектот за ревитализација на дел од Студенчишкото блато минатата година заеднички го реализираа „Оhridnews“ и Македонското лимнолошко друштво.
За жал некои навики тешко се менуваат па така во ботаничката градина несовесни граѓани оставиле ѓубре а оштетени се и дел од информативните табли. Наскоро просторот ќе биде целосно исчистен и преуреден, а информативните табли ќе бидат вратени на свое место.