Според најновите истражувања, можно е животот да настанал надвор од Сончевиот систем и тоа дури 5,5 милијарди години пред воопшто да се формира нашата планета Земја.

До овој заклучок стигнале група генетичари, применувајќи ја теоријата на експоненцијално зголемување на брзината на операциите на компјутерски микропроцесор, познат под називот Муров закон, пренесува „Макфакс“.

Тој закон опишува зголемување на бројот на транзистори на чипот со тек на времето и гласи: „бројот на транзистори кои по најповолна цена може да се сместат на чип двојно се зголемува од прилика секои две години“, Тоа значи дека секоја втора година двојно се зголемува бројот на транзистори и интегрирани кругови на процесорите. Иако во една своја работа Гордон Мур според кој е именуван законот го поставил далечната 1965 година, тој се уште важи.

Применувајќи го тој закон на полето на проучување на животот и неговиот развој, групата научници дошла до резултат дека животот се појавил од прилика пред 10 милијарди години, односно 5,5 милијарди години пред настанокот на Земјата и Сончевиот систем, пренесува Daily Mail.

Оваа теорија ја поддржува идејата за панспермија, принцип според кој под влијание на соларната радијација која ствара дефлекција на екстрамофилните микроорганизми и меѓуѕвездената прашина, кои патуваат низ вселената на астероиди, метеори или комети настанати по судар на планети на кои постоел живот, па така семето на животот успева да преживее космички патувања.

Според оваа теорија, тие облици на живот можат многу време да поминат патувајќи низ вселената се додека не паднат на некој планета или друго вселенско тело кое би го поддржувал нивниот живот и има услови за нивни развој.

Кога тоа ќе се случи, според теоријата, бактериите повторно се активираат и почнува од ново еволуција.

Сепак, и самите научници кои го спровеле ова истражување,  велат дека нивната работа држи вода само теоретски, затоа што е втемелена на многу хипотетични елементи, меѓу кои токму и теоријата на животни спори кои летаат низ вселената, која е клучна, но не е докажана.

OhridNews
извор:„Макфакс“