Најмалку 55 лица загинале во ураганот Сенди кој го погоди источниот брег на САД, а штетите се проценуваат на повеќе од 40 милијарди долари, пренесуваат американските медиуми.
Жителите на подрачјата погодени со супербурата Сенди во средата почнаа да се враќаат на нормалниот живот, иако и натаму се без електрична енергија, јавниот сообраќај и натаму во најголемиот дел е блокиран, а улиците се преполни со надонесениот смет.
Автобусите во Њујорк повторно почнаа да возат, берзите се подготвуваат повторно да отворат, првпат по 1888 година кога берзата била затворена два дена исто така поради невреме, аеродромите најавија дека ќе почнат со работа но во ограничен обем, но јасно е дека ќе бидат потребни денови за живото целосно да се нормализира како пред Сенди.
„Ќе одиме ден по ден, правејќи го она што секогаш го правиме во тешки времиња, ќе стоиме еден до друг, рамо до рамо, подготвени да им помогнеме на соседите и да ги утешиме странците, како и повторно да го подигнеме саканиот град на неговите нозе“, изјави њујоршкиот градоначалник Мајкл Блумберг.
Блумберг додаде дека би можело да потрае четири до пет дена пред подземната железница, којашто претрпе најголеми штети во своето 108-годишно постоење, повторно да почне со работа. Имено сите десет тунели под Ист Ривер се поплавени.
На територијата зафатена од невремето без струја останаа 8,2 милиони корисници. Електроенергетската компанија „Цонсолидатед Едисон“ соопшти дека ќе бидат потребни четири дена пред и последниот од 337-те илјади корисници на њујоршките окрузи Менхетен и Бруклун , а цела седмица додека електричната енергија се врати во Бронск, Квинс, Стејтен ајсланд и Вечестер Каунти.
Компанијата „HIS Global Insight“ којашто се занимава со процени на штети од природни катастрофи, предвидува дека материјалните штети се во износ од 20 милијарди долари и 10 до 30 милијарди американски долари деловни загуби.
Од денеска во функција се ставени и аеродромите „Џон Ф. Кенеди“ и „Њуарк либерти“.
извор:„Макфакс“