Никако да седнам да си го средам станов да го реновирам. Ко шо знајш минатиот викенд за зафатив со тој пусти празник, абре де бре и прво се преуморив после се заборајв. Еден ум е. Дал за Зајко, дал за Мицко дал за Амети. Ам и тие ме збрлаја. Јас незнам шо толку е тешко да се напрајт влада и да се изберит премиер. Па и да е Албанец. Јас незнам шо толку скокаме ние аздисаниве Македонци ко наша да е македонскава држава па му ојме контра на командантавет.

Па имајте обзир према другарите од Аметија кој како шо велит тој се угнетени и поугнетени. Ама пази една работа требит да знајме. Уствари две. Одавна ние имаме ак не појќе полу премиер Албанец. Останвит да ко крунисаме. Не така? Како? Ам сега ко способен чоекот. Е зато е во секоја влада последниве 74 години. Јас ми се чинит и Вучиќ да победит во државава ќе коалицират со Аљи. Ко е способен. Во Бургунди да ојт на избори ќе е во влада.

Во едно интервју како да го најави то и то на чист течен веќе претечен македонски јазик. Па Боже мој то е нормално з`ш чоекот живејт во ова држава. Е некогаш ќе свртит на албански з`ш си имат право бре чоекот. И едниот и другиот ни е официјален.

Втора работа. И то како апел кун Зајка и Мицка многу многу не ми го љутите Аметија з`ш или мојт да ја применит тактиката “ЧЕ ПУКАМ“, чисто демократски да објаснит з`ш требит албански премиер да имат, а пак ак не то, мојт да преминит на уште по демократски начин без “ЧЕ“ одма “ПУКАМ“. Мое мислење дека не мислиме на една многу важна работа: ситиот не го вервит на гладниот. Мнозинството не го вервит на малцинството. З`ш животот е колце. И В`тит, рекол Чак Норис уште како бебе. Дан молиме ние после да бидит Македонец премиер по некој месец.

Ете пак се зафатив со најнебитните работи за мојот опстанок во корона периодов. Пак станов ќе ми останит смрдосан. А кај мојш да опстаниш во смрдена, муфлосана средина. Не така? Видов едни реклами за еден мајстор за све и се јавив да го ангажирам мајсторот. “Крцко – Фикс“. Пооооо мајстор за све. Ама пусто сиромајот, а се фати на оро, а тапанот се кинит.

Ропаја, ропаја, реклами, те поправка на дограма, те канализација, море паркети маркети, редел плочки мочки…шо не. Од ваму од таму се распрашав шо и како фирмата и мајсторот, з`ш види, не е секој да пуштиш да ти влезит во живеалиштето да не речам домот, з`ш мојт батал да ти го напрајт.

Е арно како шо ти реков се распрашав и ми кажаа дека уште не била конституирана “Крцко – Фикс“. Во тек биле преговори со други две фирми “Горан- Кукумбер“ и “Мали – д` шутер“. Неможеле да се договорет која да е главна фирма, а кои под-изведувачи. А глупо ми е ако не е главна “Крцко“ да ангажирам некоја од другиве две з`ш не оти тие се појавија со некој реклами ова она. И ај сега на кого да дајш доверба?А? Мада разбрав дека “Мали“ секогаш бил расположен и најквалитетен да ти го подизведит.

Нејсе дур трает преговориве и да дознам дал мајсторот не ќе имат шо да прајт ќе морат да останит мајстор да ти кажам нешто. Многу ме изнервира пред некој ден една новинарка во еден прилог која рече баш вака: “јунешкото немојт да се купвит со картичката за македонски производи, з`ш во државава за кратко време бројот на говеда се намалил за 15 %“.

И после се љутат ко ќе се речиш дека шират лажни вести. Како мојт во една држава која го измисли гојдарството во светот уште пред еден век да се намалит бројот на гојда? Абре дур стигниме на работа едно чудо гојда гледаме по улицине. Да да по улицине з`ш не оти некој е на свое место кај шо требит сместен кај нас. Од една страна. А од друга страна едноставно толку голем број на гојда на квадратен метар немат во ниедна држава. Укључи телевизија – гојда, пушти радио – гојда, страв ми е фирижидерон да го отворам. И сетне то е намалвење на бројот на македонските гојда? Свашта!!!

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите