Еднаш неделно, во летниот период, животните во зоолошката во Цирих имаат право на специјален десерт, сладолед, кој за нив го припрема екипа ветеринари и чуварите кои се грижат за нив. Директорот за градината, Алекс Рибел, рекол дека на животните сладоледот им се сервира еднаш неделно, бидејќи некои од нив, посебно мечките, видрите и мајмуните, се склони да претеруваат во него.

Вработените во зоолошката за секое животно припремаат сладолед прилагоден по нивни вкус. Така мечките добиваат коцки мраз со парчиња овошје или ледена диња, а видрите сладолед со парчиња риба. Дистрибуцијата на сладоледот е и можност за раздвижување. Чуварите обично го кријат сладоледот на места до кои е потешко да се дојде како би ги приморале животните на мала физичка активност. Мајмуните, на пример, мораат по својот леден десерт да се искачат на крошната на дрвото во својот кафез.