Охриѓанката Натали Башоска која живее во Њујорк, каде што студира филмска режија, деновиве реализираше нов краток документарен филм, овојпат како дел од студиските обврски.
Инспирација и за најновото видео на Натали насловено како „The Little Things“ е Maiko Newell, бездомник кој живее во Њујорк. Тој во кусиот документарен филм ја раскажува неговата животна приказна, која нема да ве остави рамнодушни. На интернет и социјалните мрежи во тек е кампања „A home for Maiko“ за обезбедување средства за дом на Maiko Newell.
„The Little Things“ – документарен филм на Натали Башоска
OhridNews