Британецот Дарен Џонс неделно пиел по 42 литри Кока Кола. Овој британец од Стокпорт, татко на две деца, не е ниту наркоман ниту алкохоличар, па дури ни пушач. Неговата слаба точка е Кока Кола, и тоа диетална. Дарен во просек пиел по 42 литри од овој газиран пијалок неделно, односно 18 лименки дневно, што годишно го чинело околу 3500 евра. Во изминативе неколку години неговата состојба толку се влошила, што дошол до стадиум кога не може да излезе од дома без шише Кока Кола.
Доколку дневно не ја испиел својата доза, станувал многу нервозен и раздразлив. Дарен, кој поради својата лоша навика тежи преку 220 килограми, сакал да се обиде да се ослободи од оваа зависност која претставувала закана не само за неговото здравје, туку и за неговиот брак. И покрај тоа што досега испил огромни количини Кока Кола, Дарен тврдел дека и понатаму е здрав. Лекарите, меѓутоа, предупредуваат дека диеталната Кока Кола има вештачки засладувачи и кофеин чие зголемено конзумирање може да доведе до сериозни здравствени проблеми.