„Живот“ е првата песна на 16-годишниот Димитриј Топал од Охрид. Песната е работена во студиот на Наум Долоски- Мечкаров, а текстот е на самиот Димитриј.

Со музика почнав да се занимавам на 15 години кога прв пат се сретнав со трап музиката и многу ја засакав. Мојот прв сингл се вика „Живот“, а секако дека ќе продолжам да се занимавам со музика, вели Димитриј. 

Тој додава дека многу наскоро исто така во соработка со Мечкаров, ќе излезе и втора песна.

 

OhridNews