Актуелното раководство на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), предводено од Живко Мукаетов, доби отворен простор за нов четиригодишен мандат, во најуспешниот спорт во нашата земја.

Клубовите со право на глас, во писмен формат, пред Изборното собрание кое ќе се одржи на 31 јануари му изразиле поддршка на Мукаетов, кој на чело на македонскиот ракомет е од 2013 година.

Од 2013 година наваму македонската машка репрезентација е редовен учесник на големите натпреварувања, а женската селекција оваа година ќе има одлична можност за нов почеток, бидејќи ќе биде домаќин на дел од мечевите на Европското првенство.

OhridNews