Актуелниот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија , Живко Митрески, доби втор мандат. На 19- тиот конгрес на ССМ што денеска се одржа во Охрид, Митрески кој беше единствениот кандидат доби едногласна поддршка од присутните 98 делегати од 17 гранкови синдикати.

Во изјава за OhridNews, дадена непосредно по изборот, Митрески истакна дека ССМ во идниот период, единството манифестирано на конгресот во Охрид ќе го преточи во акциски план за подобрување на работничките права.

Делегатите на конгресот ја донесоа и новата програма на ССМ во која приоритет е ставен на колективното договарање, обезбедување на сигурна плата и работа за работниците и друго.  

OhridNews