Морските биолози во Кина го осудиле модниот тренд на тамошните млади девојки, кои живи риби носат како накит. Тинејџерите во Ченгду (Кина) чекаат на ред да купат пластични привезоци во кои има живи риби.


Трговците тврдат дека рибите во запечатениот привезок со вода и храна можат да живеат до 3 месеци. После третиот месец можат да го отворат привезокот, а рибите можат да ги стават во аквариум. Привезоците со чинат само 20 пени, а девојките ги користат како украс на огрлица или торба.