Џабе паркови, игралишта, образовни институции. Немаат свест ни мали ни возрасни. Живееме со лоши навики, ако воопшто ги имаме, па и купиштата ѓубре што секојдневно ги создаваме кај ќе стигнеме не сметаат никому. Таков пример е околината на Основното училиште „Григор Прличев“, односно детското игралиште во непосредна близина.

Во и околу игралиштето расфрлано е ѓубре. Амбалажа од храна, пластика, хартија… има се.

Ѓубре има и на бетонот и во зеленилото. Нема простор што не е претворен во „депонија“.

Тука секојдневно доаѓаат и проаѓаат деца и родители, но и наставници кои ја гледаат оваа слика и ја одминуваат без никаква реакција. Просто е неверојатно како ѓубрето станува новото нормално кај нас. Како и многу други (не) нормални состојби во општеството.

Г.М.