Ветеринарната служба посетила еден дом во околината на Стокхолм, каде ги дочекал гласно мјаукање и неугоден мирис на 191 мачка кои живееле таму. Во куќата живееле една жена, нејзината мајка, сестра и син, а мачки имало на секаде, по столовите, околу прозорците и така натаму. Во куќата имало и болни мачки и било многу гнасно.


Шведскиот закон забранува поседување на повеќе од девет мачки. Луѓето кои работеле во социјалните служби изјавиле дека луѓето кои живееле таму многу сакале животни и мале добро срце. Додале дека тие се труделе добро да се грижат за мачките.