Една жителка на Сингапур живеела во тоалет повеќе од две години пред да ја присилат да оди на терапија. Жената подолго време патела од депресија. Нејзиниот сопруг Онг Кеан Он рекол дека не сакала да го напушти тоалетот од 2009 година. Оттогаш јадела пиела и спиела во него.
Секогаш зборувала дека некој фрла со камења по неа и дека врз неа капе вода, па не смеела да излезе надвор. Пред неколку дена Онг со помош на неколку медицински лица и полицајци успеал да ја извади надвор. Неколку дена минала на лекување во ментална установа по што се вратила дома. Нејзината состојба сега била стабилна.