Лекарите во Кина при еден рутински преглед кај една жена во левото белодробно крило откриле топломер. За работата да биде уште поинтересна, тој таму се наоѓал полни 44 години. Изјавила дека кога имала 12 години имала температура и дека родителите во устата и ставиле топломер како би и ја измериле температурата, но таа топломерот го проголатала.
Нејзиното семејство немало пари па неможело да си дозволи лекарска помош. За среќа, иако топломерот останал во нејзиното тело 44 години, таа немала никакви здравствени проблеми. Сепак лекарите биле загрижени, бидејќи доколку топломерот се скрши, живата која се наоѓа во него би можела сериозно да и го наруши здравјето.