Една Албанка живеела со куршум во главата цели 12 години. Таа вели дека била погодена во сон, за време на хаосот и немирите во Албанија и протестите против пирамидалните шеми. Во тоа време многу Албанци пукаа во воздух искажувајќи го своето незадоволство. Меѓутоа неа лекарот и рекол дека куршумот излегол надвор.


Таа не чувствувала некои проблеми, се до пред некое време кога се онесвестила од ненадејна болка. Рендгенската снимка покажала дека во нејзината глава се наоѓа куршум долг 2,8 сантиметри. Интересно е тоа што таа не знаела дека во главата има куршум цели 12 години.