Жителката на Полска, Урсула Кулге четири години живеела бесплатно во луксузни хотели. Жената фалсификувала документи, а бидејќи зборувала германски, тврдела дека работи за германска туристичка агенција. На основа на тоа во хотелите секогаш добивала најубави апартмани и кон неа се однесувале како кон ВИП особа. Патувала од 2005 до 2009 година и отседнувала во хотели во Полска и Германија, а еднаш дури и била на Хаваи.


Кога требало да ја плати сметката, велела дека истата ќе ја покрие туристичката агенција. По тоа едноставно исчезнувала.  Сега полицијата трага по неа, а доколку ја фатат, би можела да добие затворска казна од осум години.