Еден жител на Берлин навистина се чувствувал осамено. Толку многу, што бил опкружен со 1 700 папагали во својот двособен стан. Откако соседите повеќе не можеле да ја издржат буката која излегувала од станот, повикале полиција да испита за што се работи. Откриено е дека неименуваниот станар живеел во двособен стан со ни повеќе, ни помалку, туку 1 700 папагали.


Папагалите биле разместени на ѕидот на небројни пречки, а подовите биле буквално затрупани со нивниот измет. Човекот, инаку пензионер, објаснил дека посвоил два папагали, а се останато е “дело на природата“. Колку време треба за од еден пар да станат 1 700, проценете сами. Во секој случај, навистина многу големо размножување на многу мал простор.

Откако илјадниците птици се евакуирани во вторникот, а триста вчера, остатокот ќе биде однесен во засолниште за животни во следните неколку дена. Станарот исто така би можел да се исели бидејќи е проценето дека станот повеќе не е пригоден за живеење.