Кинезот Ли Фу минал повеќе од пет години со 10 сантиметри долга оштрица од нож во главата, без да знае за тоа. Овој таксист од кинеската провинција Јунан живеел сосема нормално, и покрај честите главоболки и чудниот вкус во устата. При една посета на лекар, на кој му се жалел од главоболка, направиле рентгентска снимка која покажала дека во неговата глава се наоѓа острица од нож. Ли на новинарите им раскажал дека пред пет години бил нападнат со нож од некој муштерија кој го возел во таксито, но не мислел дека повредата е толку сериозна.
Во болница само му ги преврзале раните и го пуштиле да си оди дома. Кога напаѓачот бил уапсен, полицијата не успеала да го пронајде оружјето со кое било направено злосторството, а сега дознале и зошто. Ли во меѓувреме бил опериран, и сега може мирно да живее без главоболки и без чудниот вкус во устата.