Близу 2000 животни, што живи што мртви, пронајдени се во куќата на еден американец во местото Лотел, во Луизијана, кога полицијата интервенирала на повик на соседите кои се жалеле на неподносливата смрдеа. Еден од полицајците навел дека имало кучиња, мачки, гуски, кокошки, фазани, па дури и змии. Била вистинка Ноева барка, но прилично неуредна и нечиста. Додал дека миризбата се чувстувала уште од улицата. Властите во дворот изброиле близу 2000 животни од сите врсти, од кој добар дел биле мртви.

Она што најмногу ја изненадила полицијата била реакцијата на сопственикот на куќата, Дејвид Лефлер. Претставничката на локалната зедница Џеси Белард вели дека бил крајно увреден што му ги одземале животните. Бил уверен дека постапува правилно со нив. Како што пренесуваат американските медиуми, дел од животните ќе мора да биде успиен, додека грижата за другите ќе ја преземат ветеринарите со надеж дека подоцна ќе можат да бидат вдомени. Лефлер, пак, ќе остане зад решетки до судењето на сурово однесување кон животните.