Пензиониран Унгарец живее на улица откако ја продал куќата и ја подарил целата животна заштеда на детска болница. Џо Цармаз сега живее во картонска кутија. За 150 000 евра купил скапоцени медицински апарати за детска клиника во Будимпешта.
-Ги жалам децата кои не можат да живеат вистински живот поради болест. Јас живеев 85 години и сега мислам дека е редно тие да бидат среќни – рекол овој неверојатно добар човек кој работел во детска клиника до пензијата.
Додава дека не жали што живее во немаштија, бидејќи знае дека барем на тие деца ќе им биде подобро.