Дејвид Џонс, столар од Сасекс, одлучил да влезе во гинисовата книга на рекорди на тој начин што пола година ќе живее со 40 најотровни змии на светот. За овој подвиг одбрал една куќа во Јоханезбург, каде поради светското фудбалско првенство има илјадници новинари. Тој за ова се одлучил само поради предизвикот, и воопшто не му смета што многу луѓе го сметаат за луд.
Тој својот подвиг го споредил со луѓето кои се качуваат на Монт Еверест, велејќи дека како што е тоа предизвик за нив, така и живеењето со змиите е предизвик за него. Поминале 122 дена откако влегол во куќата со змиите, и до сега немал никаков проблем. Верува дека ќе успее да издржи уште два месеци.