Регионалната стопанска комора во германската покраина Баден-Вуртенберг, која граничи со Швајцарија, објавила оваа седмица дека не успеале преговорите со Швајцарија чија цел било да се пронајде решение со кое за доставата на пица би можела да се избегне комплетната бирократска процедура.
Цените на пицата и другите видови храна се многу пониски во Германија отколку во Швајцарија, поради што многу швајцарци кои живеат покрај границара нарачуваат пица од Германија. Швајцарските власти велат дека бирократскиот режим за пицата не е на сила само поради царинската регулатива, туку и поради правилата за храна и земјоделски производи. Кога нивната земја би се согласила на посебен режим за пицата, веднаш би се појавиле и други барања, сметаат швајцарците.