Двајца браќа од Бразил им пркосат на законите на физиката, живеејќи ни на небо ни на земја, на висина од 10 метри над земјата. Тијаго и Габриел Примо поминуваат по 12 часа дневно во креветите, столиците и мрежите за спиење кои ги закачиле на фасадата на една зграда во Рио Де Жанеиро.
Целата оваа висечка куќна атмосфера е дел од една уметничка инсталација. Браќата имаат на располагање опрема за планинарење, а во случај на физиолошка потреба можат преку терасата да влезат во една уметничка галерија каде имаат сопствен тоалет. На голема радост на минувачите планираат да останат да живеат на фасадата до крајот на август.