Еден индиец, кој полицијата го пронашла во бесвесна состојба, завршил на обдукција иако бил жив. Полицијата од индискиот град Каджакалам го пронашла Абдула Раз во бесознание и веднаш бил прогласен за мртов. Бил пренесен во болница на обдукција за да се утврдат причините за смртта.
Пред неговото тело да стигне во болницата, полицијата ја известила неговата фамилија за смртта на нивниот близок. Кога фамилијата дошла во мртвачницата со големо олеснување дознала дека Абдула сепак е жив и дека е примен на одделението за итни случаи за лекување.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com