– Во периодот од 26ти јули до 31 август за секој купен производ од АД „Жито Лукс“ дел од средствата се донираа за потребите на болницата „Св. Ерзамо“. Донацијата се состои во креветчиња, телевизори и фрижидери, што ќе го подобри престојот на пациентите-истакна директорот на болницата, д-р Митко Тилески.
Тој изрази надеж дека во иднина и другите компании ќе го следат ваквиот пример и ќе бидат реализирани акции за донирање на медицинска опрема.
Во специјалната болница „Св. Еразмо“ во моментов престојуваат 220 пациенти од Македонија и странство, во најголем дел од Албанија и Косово.