Жителка на струшкото село Лабуништа се здобила со повреда во пределот на главата од заталкан куршум додека седела во дворот од семејната куќа.

-Синоќа во 22:30 часот во село Лабуништа, Струга во дворот од семејната куќа жената откако слушнала звук, најверојатно од истрел од огнено оружје,  се пожалила на болка во главата бидејќи нешто силно ја удрило. Кога се допрела на главата забележала крв, а кога станала од столот на кој што седела, од нејзе паднал и проектилот со кој што била погодена, се наведува во соопштението на МВР.

На жената и е укажана лекарска помош во Општата Болница во Струга, каде се констатирани телесни повреди, по што е пуштена на домашно лекување.

Увид на самото место извршила екипа од Полициската станица од Струга.

OhridNews