Граѓаните кои живеат или имаат имоти во заштитените зони на Националниот парк Галичица бараат подобар третман од надлежните особено во делот на ограничување на движењето и експлоатација на природните добра.


Своите забелешки граѓаните ги изложиле на средба со надлежните од националниот парк што деновиве се одржа во Елшани. На средбата од претставниците на јавната установа било побарано да се ублажат ограничувањата за експлоатација на шумите во Паркот, односно да се дозволи сеча на приватните имоти. Граѓаните бараат да не бидат третрирани како непријатели, туку како чувари на паркот и да им се дозволи слободно движење во заштитените зони. Исто така тие бараат промените во Паркот да бидат постапни и без преголеми ограничувања за месното население на кое природните ресурси често му се единствен извор на егзистенција.


Незадоволните граѓани бараат да се одржи нова средба на која ќе присуствуваат  директорот на НП Галичица, претставници на Министерството за земјоделство и шумарство и на Министерството за животна средина, со цел локалното население да биде информирано за стратегијата на управување со националниот парк.

Ohridnews