Од месната заедница на с. Куратица изразуваат надеж дека организиираното подигање на сметот од руралните средини ќе продолжи, а Советот ќе донесе одлука со која ќе се корегираат цените на услугите на јавното комунално претпријатие за жителите на охридските села, при што предвид ќе се земе нивната економската положба.
Предлогот за утврдување на надоместок за јавна хигиена во руралните средини е доставен до Советот на општина Охрид, Градоначалникот и Ј.П. „Охридски Комуналец“.