И покрај апелите на жителите од уличката која ги поврзува булеварот „Туристичка“ и улицата „ Даме Груев“ да се асфалтира, тие и понатаму, кога времето е врнежливо, се принудени  да одат по раскопана и каллива улица.

Станува збор за уличка во должина од околу 40 метри, која се наоѓа во непосредна близина на старото кино, за што уште пред една година пишуваше OhridNews.  

Во 21 век оваа уличка е без улично осветлување, без атмосферска канализација, а во дождливо време е целата во кал, бидејќи не е асфалтирана. Неколку пати имаме доставено барање до општината, но досега не е ништо направено, велат жителите.

Тие информираат дека пред еден месец  до локалната самоуправа повторно доставиле барање, но сеуште не добиле одговор. 

OhridNews