Жителите од ул. „Дејан Војвода“ го бараат советникот Перо Калимеро да го расчисти хаосот кој како што велат го оставил зад себе.


ул. „Дејан Војвода“

„Веќе 2 недели поминаа како Перо Калимеро  си замина и ги остави плочките и песокот да се растураат по улицата и да се полнат шахтите од дождовната вода.Сето ова се случува во екот на туристичката сезона, со што се остава лош впечаток кај гостите“, вели Зоран Матески, жител на споменатата улица. Тој апелира до инспекциските служби да реагираат на случувањата на  ул. „Дејан Војвода“.

Перо Калимеро не присуствуваше на работата на седницата на Советот на последната седница и како што неофицијално се дознава се наоѓа на одмор во една од соседните земји.

ohridnews