На неодамнешниот собир, жителите од МЗ Стар град искажаа револт, од како што се наведува во соопштението за јавност, неспроведувањето на договореното од последната средба на жителите од Стар град со градоначалникот и претствници на локалната самоуправа во Охрид.

Жителите од Стар град најостро реагираат до градоначалникот Александар Петрески кој како што стои во соопштението, спротивно на ветувањата предложил до Советот продолжување на работното време на угостителските објекти за 1 час. Тие  ги повикуваат локалната самоуправа, СВР и инспекциските служби најитно да преземат мерки за санкционирање на угостителските објекти кои не го почитуваат законот за работно време и предизвикуваат  бучавост поголема од дозволената.


разочарани од локалната-жителите од МЗ Стар град

За жителите од Стар град неприфатлив е и предлогот за организирање на режимот на сообраќај во летната сезона, а тие се и против издавањето на плажите во стариот дел на градот под концесија. Тие бараат овие плажи да ги уреди локалната самоуправа и тие и во иднина да бидат достапни за сите граѓани.

Писмото со забелешки жителите од МЗ Стар град го упатиле до градоначалникот на Охрид, Советот на општината, општинскиот инспекторат, СВР Охрид и до Министерствата за еконимија и за животна средина и просторно планирање.

Г.М.