Група граѓани бара општината да запре со започнатото  уредување на просторот меѓу улиците Партизанска и Димитар Влахов. Тие сметаат дека општината нема право да уредува  земјиште кое не е нејзино.

Нaјпрвин треба да се сочека исходот од судската постапка која е во тек, да дојдат надлежни органи да исколчат и да ја утврдат сопственоста, па дури потоа општината може да уредува што е нејзино, ни изјави Славе Атанасоски претседател на куќен совет.

За локалната самоуправа ваквата реакција на локалнаното население е несфатлива.Ние само сакаме да го средиме тој дел кој со години е нерасчистен и несреден, владее и нехигиена, но наместо подршка жителите сега се бунат, вели Зоран Шикалоски-советник за сообраќај во локалната самоуправа.


општината влегува во туѓ двор велат дел од жителите

Повеке од 40 години строгиот дел на центарот на градот  мегу улиците Димитар Влахов и Партизанска   беше  оставен на милост и немилост. Самите граѓани  требаше многу порано да се заложат за средување на тој простор, но  поради нивната незаинетересираност општината се одлучи да го среди, вели Зоран Шикалоски. Граѓаните  досега ги паркираа своите возила не онаму каде што е урбанистички предвидено туку на улиците Димитар Влахов, Партизанска и другите улици и ги зафаќаат јавните паркиралишта, објаснува  Шокалоски.


општината сака да го уреди просторот граѓаните не даваат

Станарите од околните згради се поделени во  мислењата. Едни како позитивен го оценуваат овој потег на општината, други пак велат дека локалната  работи без одобрение затоа што земјиштето и целиот тој простор бил во сопственост на  граѓаните кои живеат таму.

Станарите веќе изготвиле и петиција која ја доставиле до Основниот суд во Охрид, од каде чекаат судски извршители да постапат по нивното барање и да ги стопираат работите.

Мики Трајковски