Австралијанците од северната територија се најголеми пијаници на светот со 15 литри чист алкохол по жител годишно што е три пати повеќе од светскиот просек. Според истражувањето, на второто место се наоѓаат традиционалните пијаници, Ирците и Чесите, кои заостануваат со два литри по жител.
Дека конкуренцијата го признава поразот потврдува и ирскиот турист колин Мекгроти, кој изјавил дека обожава пиво, но и дека не може да се споредува со Австралијанците. Рекол дека и тие се пијаници, но не седум дена во неделата.