Градоначалникот Никола Бакрачески во текот на вчерашниот ден оствари средба со жителите од Урбаната заедница Центар.

-Целта на ваквите средби е преку еден непосреден контакт со жителите, да се разговара за нивните приоритетни потреби, како и за нивните идеи и предлози за кои сметаат дека е можна нивна реализација во средината во која живеат.  Токму низ едни вакви непосредни разговори со жителите од месните и урбаните заедници се произлезени голем дел од реализираните проекти или проектите чија реализација е во тек, а се од суштинско значење за населението, информираат од општина Охрид.

Покрај градоначалникот Бакрачески, на средбите со граѓаните, приуствуваат и раководителите од Локалната самоуправа и директорите на Јавните претпријатија.

OhridNews