Дел од жителите од станбениот комплекс на улицата „Момчило Јорданоски“ кој е лоциран во близина на Општата болница во Охрид, преку допис до OhridNews повторно се пожалија дека секојднавно поминуваат низ кал, бидејќи приодите пред нивните згради, се уште не се асфалтирани.
Тие за оваа состојба алармираа преку медиумите пред околу еден месец, но надлежните сеуште немаат преземено мерки за решавање на овој проблем.
-Иако во текот на изминатите денови беше сончево ние, станарите на овие згради тонеме во кал. Временските услови се погодни барем за тампонирање на овој потег, како што ветија надлежните кога објавивме за овој проблем, но сепак ништо не е преземено, велат станарите кои ни ги испратија приложените фотографии.
Според нив оваа состојба не е во ред бидејќи сопствениците на станови во овие згради имаат платени комунали што значи дека општината треба да ја обезбеди потребната инфраструктура како што е пат и осветлување.
OhridNews