„Реално се соочуваме со секојдневен проблем и не можеме од паркирани возила да ја користиме улицата ,, Македонски Просетители“ за поминување. Исто така паркираните возила на забранетиот простор за паркирање ја нагрдуваат сликата на Охрид“ стои меѓу другото во писмото на кое се потпишани повеќе граѓани и членови на градскиот Совет.
Копии од писмото се испратени до началникот на Секторот за внатрешни работи – Охрид, Стефан Буџакоски, командирот на ПС – БПС Страшо Миленкоски Страшо и командирот на ПС Добре Петрески, од кои жителите на Стар град бараат решавање на проблемот.
Жителите од Стар град бараат решавање на сообраќајните проблеми