Жителите од скопската општина Центар, денеска гласаат на референдумското прашање: „Дали сте за тоа да се задржи автентичниот изглед на фасадата на Градскиот трговски центар?“.

Утрово во 7.00 часот беа отворени сите гласачки места, а процесот го набљудуваат вкупно 597 набљудувачи – од Државната избора комисија, МОСТ, Цивил, ОБСЕ и други  невладини организации. Државната изборна Комисија претходно соопшти дека во избирачкиот список се регистрирани 43. 560 гласачи, што е за околу 750 гласачи повеќе од последните организирани избори.

За референдумот да биде успешен, на гласање треба да излезат половина од запишаните гласачи, повеќе од половина од нив треба да одговорат со „ЗА“ на референдумот.

OhridNews