Жители од неколку згради на улицата “Мирче Ацев” попладнево спонтано излегоа на протест против поставување антена од мобилен оператор на зградата бр. 33.
Револтираните жители не дозволуваат да се постават елементите од антенскиот столб и бараат мобилниот оператор да се откаже од намерата да постави антена на зграда во густо населено подрачје.
Жителите се противат на поставувањето антена од мобилен оператор, бидејќи сметаат дека таа штетно ќе влијае на нивното здравје.
Под притисок на јавноста екипата за монтажа се повлече, а локалните жители најавија покренување петиција против поставувањето на антена од мобилен оператор
ОhridNews