Традиционално и оваа 2019 во маалото во населба Кошишта кај домот “Св. Кирил и Методиј” се разгоре василичарскиот оган. Се играа ора, проследени со музика.

Веселата атмосфера беше надополнета со печење колбаси на жар, топол леб, туршија и црвено домашно вино, а се печеа и компири во фолија. Точно на полноќ, минатогодишната кума Наде Ниче, на присутните им подели банички.

Среќата што ќе ги следи преку цела година и се насмевна на Хрисантина Паскали и нејзиното семејство, која ја пронајде паричката во својата баничка со што воедно е и нова кума.

Паричката која се врти во Кошишта е традиционално истата сребрена паричка со верски православни симболи и порака која се пренесува од година во година.

OhridNews