Жителите на селото Климештани денес одржаа граѓански протест на сред село против каменоломот во непосредна близина на селото.
Преку протестот го изразуваат своето незадоволство од начинот на кој се експлоатира ископот и како што велат непридржување на компанијата што стопанисува кон законските одредби.
Бараме да се исполнат обврските во најкраток можен временски период. Доколку не се исполнат ќе продолжиме со блокади и ќе бараме дислокација на каменоломот, велат жителите.
Посочуваат и дека земјоделските насади се загрозени, како и водоснабдувањето. Револтирани се што со копањето селото и нивните ниви се затрупани со прашина, а од минирањето во каменоломот се пореметува статиката на нивните објекти за домување.
Н.С.Ј.